Новиот генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, најави дека одговорност ќе се бара и од актуелни градоначалници, локални функционери и директори.

„Ќе работиме на силна контрола во партијата за спроведување на ветената програма. Во следниот период што доаѓа кога ќе бараме отчет од сите избрани функционери од локалната власт, од градонначалници, од директори, ќе гледаме до каде се со релазација на ветувањата. Можам да гарантирам дека ќе работам по систем на отчетност, на одговорност и посветеност, убеден сум дек СДСМ заедно со колацијата е сигурен победник на следните парламентарни избори“, рече Николовски.

И претседателот на СДСМ, Зоран Заев, потврди дека има слабости кај локалната власт, кај градоначалници и кај директори за кои најави смени и одговорност.

извор: Makfax

161

Најчитани вести