Грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе свика предвремени избори во јуни, рекол извор од неговата партија Сириза, кој сакал да остане анонимен, пренесе Ројтерс. Ципрас рекол дека не може да ги игнорира изборните резултати.

„Ќе се сретнам со грчкиот претседател за да распишеме парламентарни избори набргу по завршувањето на вториот круг од локалните избори наредниот викенд“, изјави Ципрас, кој е на власт од 2015 година.

Сириза, која е на власт од 2015, претрпе тежок пораз денеска на изборите за нови делегати во Европскиот парламент, заостанувајќи зад главната опозициска партија Неа демократиа за околу 9 проценти. 

Излезните анкети од изборите велат дека Сириза, исто така, ги загубила гласовите од младите, бидејќи мнозинството Грци на возраст меѓу 17 и 24 години гласале за Неа демократиа или за неонацистичката Златна зора.

Опозицискиот лидер Киријакос Мицотакис го повика 44-годишниот премиер веднаш да поднесе оставка и да распише предвремени избори.

Редовните избори во Грција треба да се одржат во октомври.

Ципрас најави обраќање во текот на вечерва.

493

Најчитани вести