Претседателот на СДСМ Зоран Заев по завршувањето на седницата на ЦО на СДСМ рече дека го исполниле ветеното.

„Целиот фокус ќе биде на подобрување на животот на граѓаните“, рече Заев и додаде: „Тргнавме од своите редови за подобрување, народот тоа ќе го цени. Пораката ја примивме и сите сили ќе ги насочиме кон подобрување на животот на граѓаните. Следуваат промени во извршната власт.“ 

Целиот извршен одбор на СДСМ, сите шест потпретседатели на партијата, генералниот, организацискиот и меѓународниот секретар, како и координеторката на  Форумот на жени се разрешени вечерва на седницата на Централниот одбор на СДСМ, ова го соопшти лидерот на партијата и премиер Зоран Заев по завршување на седницата заблагодарувајќи им се на сите за вршењето на досегашните функции во партијата.

Информираше дека за нов генерален секретар е избран Љупчо Николовски и дека тој повеќе нема да биде министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„СДСМ вечерва демонстираше сериозна одговорност пред граѓаните и сопствената земја. Донесовме одлуки што носат суштински промени, изјави Заев и додаде дека оваа одлука е сериозен израз на одговорност, на, како што истакна, восприемчивост од пораките на граѓаните и наши амбиции за нашето подобрување. 

Според одлуката разрешени се Александар Кирацовски, генерален секретар, Миле Зечевиќ организациски секретар, Дане Талевски, меѓународен секретар, Цветанка Ласкова координатор на Форумот на жени и шесте потпретседатели Фросина Ташевска Ременски, Оливер Спасовски, Петре Шилегов, Благој Бочварски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зекири.

Заев најави дека продолжуваат консултации за поставување на нови на овие функции и истакна дека се е време на уште поголема иницијатива на СДСМ и  целиот фоукос ќе биде кон подобрување на животот на граѓаните.

1
loading...

Најчитани вести