Партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Фидес, убедливо победи на изборите за претставници на Европскиот парламент.

Според првичните проценки партијата на Орбан освои над 50 проценти од гласовите, односно 55 проценти.

Проекциите на релевантниот Политико.еу, се дека партијата на Орбан доби 14 седишта во Европскиот парламент, од вкупно 21 што и припаѓаат на Унгарија.

Останатите партии, Демократската коалиција, Движењето за подобра Унгарија и Унгарската социјалистичка партија добија по два мандати. Едно седиште е проектирано за Движењето моментум.

Инаку излезноста на изборите во Унгарија се зголеми на 30,5 %, што е за 11% повеќе од 2014 година.

4
loading...

Најчитани вести