Паравладината непрофитна и граѓанска организација ,,Не биди ѓубре“, направи уште еден подвиг за почит и историја. Исчистија само мал дел околу зградата во која се наоѓа канцеларијата на поранешниот претседател Бранко Црвенковски.

Велат, толку можеле, а веројатно околу овој станбен објект не е чистено откако е направена.

Потоа, десетици црни големи вреќе полни со ѓубре, ги оставија пред скалите од каде што секојдневно влегуваат станарите, но и кадешто се наоѓа канцеларијата на поранешниот претседател Бранко Црвенковски.

Овие граѓански активисти организирани околу Ирена Ристиќ, неколку месеци со сопствен пример покажуваат како треба да работат комуналните претпријатија, градоначалниците, но и како да се однесуваат граѓаните, но резултатите се поразителни.

Собраното ѓубре стои со денови додека да го подигнат комуналните служби, а исчистените места по кусо време се онечистуваат повторно од несовесните граѓани

8
loading...

Најчитани вести