Истражувањата покажале дека мажените жени се наклонети да изјават дека се среќни во брак само додека сопругот им е во домот, кога ќе излезе ситуацијата се менува и стануваат по искрени.

Немажените жени кои не одгледале деца се најсреќен дел од популацијата, велат психолозите.

Професорот Паул Долан наведува дека за мажот е препорачано да се ожени, додека на жените не им препорачува да се мажат.

“Мажите имаат корист од бракот бидејќи се ‘смириле’, помалку ризикуваат и заработуваат повеќе пари. Генерално живеат и нешто подолго. Мажените жени, од друга страна, трпат повеќе и умираат порано. Најздрава и најсреќна подгрупа од становниците се жени кои никогаш не се омажиле или немаат деца“, рекол тој.

Сепак, Долан наведува дека живееме во оптшество во кое како дефиниција за успех често се наведува остварување на полето на смејство, некои жени го чуствуваат притисокот да се најдат во улога на мајка и сопруга, а ако тоа не се случи, се чуствуваат несреќни.

574

Најчитани вести