Може да бидат солзи од среќа, олеснување, но и малку меланхолија. Солзите за време и после секс, исто така, може да бидат чисто физичка реакција. Медицинскиот израз за плачење после секс е посткоитална дисфорија (ПЦД) и не мора нужно да вклучува оргазам. Може да се случи секому, без оглед на полот или сексуалната ориентација. 

Ова се најчестите причини зошто и жените и мажите плачат после секс:

Среќа

Постојат низа емоции кои предизвикуваат плачење и не се сите лоши. Без паника солзите на среќа може да ви се случат за време или по секс. Можеби, на пример, вљубени сте или тукушто го имавте најдобриот секс. Чувствата може да се поинтензивни и ако долго не сте имале секс.

Фантазија

Солзите може да значат и дека едноставно сте превозбудени.

Одговор на телото

Доколку сте имале долг оргазам или повеќекратни оргазми, тоа интензивно чувство може да ве преплави со емоции, па не е изненадувачки ако заплачете. 

Биолошки одговор

Некои проценки упатуваат на тоа дека од 32 до 46 отсто од жените доживеале ПЦД. Тоа може да е и заради хормонските промени за време на сексот кои може да резултираат со интензивни емоции.

 

607

Најчитани вести