Оваа неверојатна приказна доаѓа од кинескиот град Јининг. 28-годишниот Тоник Турганбек го паркирал својот автомобил кога слушнал детски врисок, погледнал од каде доаѓа и видел дека на работ од петтиот спрат стои дете, кое во тој момент почнало да паѓа. Истрчал од автомобилот со намера да го фати и спаси. Детето паднало на него, а тој од силината на ударот се онесветил. 

Приказната има среќен крај, и детето и дечко се добро и без сериозни последици.

„Кога погледнав наготе тоа веќе паѓаше. Не размислував истрчав и го фатив. Не знам што се случи после бидејќи кога се освестив имаше полиција и спасувачи“, раскажал 28-годишниот Тоник.

 

382

Најчитани вести