Од фонтаните на спомениците од проектот „Скопје 2014“ украдени се само рефлекторите, не и механизацијата, велат од ЈП „Водовод и канализаџија“.

Директорот на „Водовод“” Душко Весковски вели дека кражбата не влијае на работата на фонтаните и тие досега не беа пуштени поради најавите за невреме и силен ветер.

„Пред да почнеме со подготовките на фонтаните беше забележано дека рефлекторите се украдени. Штетата е околу 60.000 евра. Град Скопје случајот веднаш го пријави во МВР. Но, тоа не влијае на нивната работа, механизмите не се украдени ниту се оштетени. Ќе бидат набавени нови рефлектори. Веќе утре ќе биде пуштена фонтаната на Плоштадот Филип Втори, а кон средината на неделата и онаа на Плоштад Македонија“, вели Весковски.

За одржувањето на фонтаните “Водовод” ќе ангажира приватна фирма бидејќи досега ниту ги одржувале, ниту работеле на нивна изведба. Од таму велат дека постепено целосно ќе го преземат одржувањето на фонтаните.

Извор: СДК

1,710

Најчитани вести