Германскиот полицаец Штефан Фајфер со својата реакција ги посрамувал возачите на автопатот што излегувале од своите возила за со мобилни да снимаат фатална сообраќајна несреќа.

„Сакате да гледате мртви луѓе? Да снимате фотографии? Дојдете! Ене го таму, лежи. Сакате да го видите? Ако сакате, може да го поздравите. Не сакате!? Па зошто тогаш фотографирате? Сега ќе мора да платите 128,5 евра за фотографирање сообраќајна несреќа! Засрамете се!“, му вели 54-годишниот Фајфер на еден збунет возач.

 

Во Германија се засили дебатата за непотребното набљудување на сообраќајните несреќи, што може да предизвика нови несреќи и да ги попречи итните служби.

„Сакате да видите што се случило? Не? Тогаш губете се од тука! Веднаш“, одекнуваат зборовите на Фајфер во краткото видео за морбидната љубопитност на автопатите.

„Ова е можност да ги соочиме луѓето со нивното однесување. Досега само им наплаќавме 128,5 евра и ги пуштавме да си одат по својот пат. Јас сум прилично сигурен дека тоа не е доволно за да ја научат лекцијата. Мора да сфатат што прават. Ние веруваме дека со директна конфронтација со ситуациите кај нив предизвикуваме шок и им ставаме до знаење дека ова не е игра, туку горчлива реалност“, им рекол Фајфер на новинарите на Дојче Веле.

За методите на Фајфер во изминатите неколку дена пишуваа многу германски медиуми, сите со симпатии. И неговите надредени во баварската полиција го поддржуваат ваквиот пристап.

„Тој сака на драстичен начин да им укаже на возачите на нивното недолично однесување. Тој никогаш немаше намера навистина да ги однесе возачите кај телата на жртвите“, изјави портпаролката на полицијата Елке Шонвалд.

Фајфер го поддржа дури и баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман, кој на Фејсбук напиша:

„Однесувањето на многу набљудувачи е срамно и неодговорно. Драго ми е што полицискиот колега на некои од нив тоа на емотивен начин им го стави на знаење.“

1
loading...

Најчитани вести