Утринава во Пловдив, односно како што информира TrafficNews.bg, под мостот  на булеварот Марица-Југ се случила сообраќајна несреќа по која автобус останал без кровот. Како што пишува порталот двајцата возачи на автобусот биле Македонци и, за среќа, поминале без повреди иако покривот на автобусот, како што може да се забележи и од објавените фотографии, буквално е однесен.

Според очевидци кои зборуваат за порталот инцидентот се случил околу 7 часот утрово, и тоа поради лоша проценка на возачот за надвозникот под кој требало да помине со возилото.  

Други детали за несреќата засега нема.

1

Најчитани вести