На 26.05.2019 година во 00:10 часот на Граничниот премин Табановце за излез од Р.С.Македонија, при извршена пасошка контрола на Ј.A.(36) државјанин на Р. Бугарија било констатирано дека во патната исправа имал вметнато биометриската страна која отстапувала од оригиналот.

Со него бил извршен разговор при што тој кажал дека всушност се вика B.O.(36) и е државјанин на Р. Турција. Патната исправа му била одземена, а B.O. бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

1
loading...

Најчитани вести