Во текот на вчерашниот ден скопјани пријавиле уште два нови случаи на каснување од кучиња скитицни. Првиот бил пријавен во 23:00 часот во Полициската станица Гази Баба од страна на Ж.Ч.(75) од Скопје, кој пријавил дека истиот ден околу 21:00 часот на улицата “Јани Лукровски“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата надколеница.
Околу 11 часот, пак, во Полициската станица Карпош М.В. (67), исто така, од Скопје пријавила дека на 24.05.2019 година околу 14:00 часот на улицата “Бранислав Нушиќ“ била касната од куче скитник во пределот на десната надколеница.

1
loading...

Најчитани вести