Како би ви било на вас доживотно да ве стават во кафез? Затвор, логор, смрт? Што се криви овие животни да го поминат цел живот во кафез? Да седнат тажни и да умираат на рати? И зошто не им пуштате Дискавери и Анимал планет на децата за да научат за животните? Зошто не ги носите во природа да се запознаат каде тие животни живеат?

Имате ли време да се направат пари за Мерцедеси, Ајфони, Самсунзи, лаптопи и Ајпади кои чинат колку 10 дена со авионски превоз за цело семејство во природа, ама се нема време за патување во природа, на планина, на море, сафари? 

Животните не се кукли во излог, вашите деца ги носите да гледаат како се измачуваат цел живот во кафез. Ги раните со смоки, им давате кесиња да јадат - и потоа умираат. 

Животно во зоолошка градина е доживотен затвор - вели активистка за заштита на животните во својата инстаграм објава.

 

Штипската таканаречена зоолошка, односно логор на измачување и смрт. Мора под итно услови или да се носат животните кај има услови и да се затворе.
Мечката се маче веќе неколку години и којзнае уште колку ако некој нешто не преземе.
АЈДЕ ЛУЃЕ ДА СЕ АНГАЖИРАМЕ ДА ПОЧНЕМЕ СО МЕЧКАТА ДА Е СПАСЕМЕ ПА ПОСЛЕ И СИТЕ ОСТАНАТИ ЖИВОТНИ У ОВАЈ ЛОГОР НА СМРТТА.‬
‪( инфо од прва рака, дивите свињи толку многу пораснале шо не можеле да ги чуват веќе и ги заклале)‬ - пишува Дарко Влахов на ФБ.

Штип има зоолошка градина од 2014 година. Зоолошката градина која требаше да се протега на површина од 5000 метри квадратни беше проект на локалната самоуправа и Јавното претпријатие „Исар“.

Зоолошката во Штип, беше живеалиште на разни видови птици, елени, овен, дива свиња и пони кои се донирани од штипски бизнисмени.

Но, сега е логор. 

 

919

Најчитани вести