Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски, неговата сопруга и синот се уште живеат во станот во скопската населба Автокоманда, бидејќи „Вила Македонија“ не е спремна да ги прими, поради реновирање.

Од кабинетот на Пендровски, кој на функцијата стапи на 12-ти овој месец, во изјава за „Слободен печат“ велат дека вилата ќе се варосува пред претседателот и неговото семејство да се преселат таму.

– Во моментов се реализира адаптација на објектот пред вселување на претседателот Пендаровски и неговото семејство, во контекст на основни промени (постелнина, варосување). По завршување на постапката која ја спроведува СОЗР, претседателот Пендаровски со семејството ќе се всели во Вила Македонија. – се вели во одговорот од неговиот кабинет.

1,179

Најчитани вести