Ако јадеме зеленчук и овошје, тогаш истовремено го одржуваме волуменот на мускулите на подеднакво иста количина, а ја неутрализираме киселината во телото.

Современата западна исхрана базирана на производи од животинско потекло, создава голема количина киселост во телото, со што може да доведе и до метаболистичка ацидоза (киселост). Таквата исхрана може значајно да влијае на количина на мускулната маса.

Меѓутоа создавање таков вид мускули не мора секогаш да биде негативно. Таквиот процес во крвта лачи голема количина аминокиселина, која ја користи нашата јетра со што создава глутамин. Таа супстанца бубрезите ја користат за да се ослободат од вишок киселина. Тоа се случува ако е вашата базна исхрана е алкална. Ако јадеме овошје и зеленчук, тогаш истовремено го одредуваме волуменот на мускулите и ја неутрализираме киселоста во организмот.

Одговор на прашањето која исхрана е подобра за нас е очигледен – алкалната усхрана која има доста зеленчук и овошје, особено зеленилото е подобра од месо, јајаца и млеко кои создаваат киселина. Растителната исхрана е подобра бидејќи содржи огромна количина калиум кој лесно се алкализира и луѓе кои така се хранат, имаат најмногу алкализирана урина.

Начин на тестирање на pH урина

Сварете лист од црвена зелка се додева водата не добие темно виолетова боја. Потоа тргнете го листот. Откако ќе уринирате во вц шољата истурета ја водата во која го варевте лисот од црвена зелка. Ако бојата на водата во шољата остане виолетова или стане по различна, вашата урина е кисела. Но ако стане плава, урината ви е неутрална.

Совет

Значи, треба да се јаде што повеќе зелен и лиснат зеленчук со што овој тест ќе резултирал со плава боја за да бидеме сигурни дека нашиот организам е алкален и здрав.

3,728

Најчитани вести