Американскиот претседател Доналд Трамп го повика јапонскиот деловен светда ги зголеми инвестициите во САД, прекорувајќи ја Јапонија поради значајниот суфицит кој го остварува во трговската размена на двете земји, за што преговарачите разговараа во рамки на билатералниот договор.

Трамп стигна во Јапонија, што е церемонијална посета со која сака да покаже силни односи меѓу двете земји, иако трговските односи се проблематични.

Токиската кула „Скајтри“, која е највисока зграда во Јапонија, по повод посетата на Трамп, светеше во боите на американското знаме.

Трамп се сретна со директорите на компаниите “Тојота“, „Нисан“, „Хонда“, „Софтбанк“ и „Ракутен“. Тој им порачал дека нема подобро време од сегашното за инвестирање во САД и повотрил дека претходната политика спречувала остварување на целосен потенцијал на американскиот економски раст.

извор: Makfax

84

Најчитани вести