Драгана Џајиќ ќерка на спортската легенда Драган Џајиќ, денеска ќе го каже судбоносното “да“ на Милош Ивановиќ, брат на Ана Ивановиќ во еден луксузен хотел во Белград, кој по тој повод е декориран како во бајка.

Со обзир на тоа дека сакале сите свои замисли да ги спроведат на дело, младенците воошто не жалеле пари, туку ангажирале се најубаво.

Целата сала е пресвлечена во бело – ја исполнуваат стаклени маси и столици, додека се е пополнето со позлатени свеќњаци и импозантен кристален лустер. Во целата сала доминираат богати цветни аражмани со нежни тонови.

Инаку, Драгана нешто по 15 часот пристигнала во хотел, каде што заблескала пред насобраните фоторепортери и новинари.

На свадбената веселба повикани се 250 гости, кои ќе ги забавуваат видни пеачи од музичката естрада меѓу кои се Лепа Брна, Светлана Ражнатовиќ Цеца, Бора Чорба, Саша Матиќ ...

1

Најчитани вести