Во поголемиот дел од Европа ова лето се очекуваат големи топлотни бранови, додека Југоисточна Европа и Балканот се очекуваат силни бури.

Ова го објави метеоролошкиот сервис Акју ведер, во својата голема прогноза за летото што доаѓа за Стариот Континент.

– Долгорочните периоди на суша на земјоделците ќе им предизвикаат проблеми, а сушно време се очекува низ континентот – пишува Акју ведер во својата прогноза.

Додека поголемиот дел на Европа ќе биде под удар на сушно време и опасни топлотни бранови, на поголемиот дел од Балкан му се закануваат чести бури со силни грмежи.

Ова особено важи за подрачјето на Далмација, но и во јужните делови на континентална Хрватска, пренесува Индекс.хр.

– Иако делови од Балканот нема да бидат имуни на топлинските бранови, екстремните жештини ќе бидат ограничени – пишува Акју ведер.

Опасни бури му се закануваат на подрачјето од Грција до Србија, Романија и Бугарија, но и на делови на Јадранот.

– Овие бури ќе донесат голем број молњи, поплави предизвикани од поројни дождови, како и оркански ветрови и град – предупредуваат метеоролозите и додаваат дека најсилните бури би можеле да доведат и до создавање торнада.

Вакви силни бурни најмногу се очекуваат во попладневните и вечерните часови.

– Најголема опасност ќе донесат орканските ветрови, градот и поројните поплави – се заклучува во прогнозата за Балкан.

Летото во Европа ќе го одбележат и долготрајни топлотни бранови кои ќе го зафатат подрачјето од Португалија и Шпанија па сè до Полска и Унгарија. Жештините ќе почнат уште во јуни во Шпанија и Португалија, а подоцна ќе се шират кон северниот и источниот дел на континентот.

7

Најчитани вести