Компанијата Фејсбук ги привршува плановите за лансирање сопствена криптовалута и систем за дигитална наплата во десетина земји во првиот квартал на 2020 година. Гигантот на социјалните мрежи до крајот на годинава планира интерно да го тестира овој систем наречен Global Coin.

Основачот на Фејсбук , Марк Закерберг минаиот месец разговарал со директорот на британската Централна банка,Марк Карни за ризиците и можностите што ги носи криптовалутата. Компанијата преговара со други компании за трансфер на пари како што е Western Union,за да договорат што поефтини и побрзи трансфери на пари за граѓаните без банкарски сметки.

извор: Makfax

109

Најчитани вести