Момче на возраст од 20 до 25 години се здобило со висок степен на изгореници по телото при обид за кражба што се случила денеска околу 13 часот на железничката станица во Трубарево. Момчето со возило на итна помош било пренесено во болница.

Движејќи се по пруга, момчето се качило на шинско возило за одржување на контактната мрежа која била оставена на електрифициран колосек и по доближувањето во опасна зона на контактнта мрежа го погодило струја.

Момчето се здобило со висок степен на изгореници по телото.

Случајот е пријавен во полиција која работи на целосно расчистување на случајот.

извор: Makfax

84

Најчитани вести