Машко лице меѓу 20 и 25 години се здобило со тешки телесни повреди од струен удар во близина на железничката станица Трубарево при обид за кражба.

-При обид за кражба во текот на денешниот ден во 12:58 часот на железничката станица во Трубарево се случил несреќен случај, односно лице на возраст од 20 до 25 години се здобил со тешки телесни повреди, кој со возило на итна помош е пренесен во болница, информираат од Македонски железници – Инфраструктура.

Како што појаснуваат повреденото лице движејќи се по пруга се качило на шинско возило за одржување на контактната мрежа (дрезина) која била оставена на електрифициран колосек и по доближувањето во опасна зона на контактнта мрежа се здобил со струен удар.

При струениот удар, како што наведуваат, лицето се здобило со висок степен изгореници по телото.

Случајот е пријавен во полиција која работи на негово целосно расчистување.

603

Најчитани вести