Централниот одбор на СДСМ в недела ќе одржи седница на која партијата ќе ги разгледува и можностите за промена на кадри во извршната власт по разрешувањето на сите 78 претседатели на општинските организации, изјави портпаролот Костадин Костадинов.

„СДСМ се заблагодарува на сите досегашни претседатели за нивниот досегашен ангажман на локално ниво, како претставници на најголемата владејачка партија. Оваа одлука води единствено кон поправање, коригирање на слабите резултати во општините каде добивме јасен сигнал од граѓаните, и се разбира кон продолжување на добрата работа во општините каде граѓаните се задоволни. Затоа, ги охрабруваме оние претседатели на општинските организации каде што беше забележана победа на изборите, повторно да се кандидираат на новиот конкурс што ќе биде објавен во текот на идната недела“, рече Костадинов.

Тој најави дека по седницата која ќе почне во 18 часот, за донесените одлуки јавноста навремено ќе биде информирана.

извор: Makfax

107

Најчитани вести