Холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн, кој повеќе жени го обвинија за сексуално злоставување, постигна привремена спогодба вредна 44 милиони долари со дел од тужителите.

Од 44 милиони долари, 30 милиони би требало да им бидат исплатени на тужителите односно жртвите, додека останатите 14 милиони ќе бидат искористени за плаќање такси.

До ваквата спогодба доаѓа по повеќе од година и половина откако филмскиот продуцент беше соочен со првите обвиненија.

Бројни актерки, меѓу кои најгласни беа Ешли Џад, Паз де ла Хуерта и Лупита Нјонго, го обвинија Вајнштајн за сексуално злоставување.

Обвиненијата против него доведоа до создавање на движењето #MeToo кое ги обедини жените жртви на сексуално насилство од Холивуд, но и од целиот свет.

извор: Makfax

1
loading...

Најчитани вести