Девериците кои обично се дел од свадбите на Западот се почесто може да се видат и кај нас, иако многумина всушност и не знаат што тие претставуваат. Кај старите Римјани овие девојки кои ја придружувале невестата не само што имале исти фустани, туку носеле исти фустани како оној на невестата само со една намера - да ја одбранат невестата од зли духови ако овие се обидат да ја нападнат.

Овие девојки не биле мамка само за злите духови, туку и да ја одбранат невестата од поранешни момчиња ако тие се обидат да ја спречат венчавката. Значи, улогата на девојките во исти фустани не е само да направат уникатна фотосесија, туку тие треба да бидат тука за да се „спаси“ невестата ако дојде до несакана ситуација. Според старите римски верувања тие се нејзина заштита.

Епа девојки, пред да отидете по фустан за, на пример, свадбата на другарката појдете и на час за некоја боречка вештина или кренете некој тег може ќе ви се најде.

4
loading...

Најчитани вести