Ивица Дачиќ за 12 часа прежиевал терористички напад во Сомалија, во кој загинаа шест лица, но и дефект на државен авион за време на лет, па морале принудно да слетааат за да не дојде до експлозија.

Ивица Дачиќ, шефот на српската дипломатија едвај извлекол жива глава и тоа во два наврати за 12 часа. Прво во Сомалија, во Могадиши преживеа терористички напад на екстремистичката група Ал Шабаб, за по неколку часа подоцна, на патот за Србија, дошло до дефект на авионот поради што морале принудно да слетаат во Атина.

Шефот на дипломатијата веднаш по нападот, во разговор со српските медиуми рекол дека не се исплашил и дека се оди по протокол, и дека се враќа за Србија после повеќедневната турнеја по афричките земји. Меѓутоа, само неколку часа подоцна се случила драма на небото. На владиниот фалкон дошло до ефект, се запалил црвениот аларм за батеријата во акумаулаторот и делегацијата морала принудно да слета.

– Пилотите ни рекоа дека се запалиле црвениот аларм за батеријата во акумулаторот, и дека мораме веднаш да слетаме бидејќи може да дојде до пожар и експлозија. За среќа бевме во близина на Атина, па принудно слетавме, таму на аеродромот не чекаше екипа на Брза помош, спасувачи и пожарникари. Така да мораа да пронајдат нова батерија. Сето тоа траеше четири, пет часа и потоа со истиот авион стигнавме во Белград околу три наутро, вели Дачиќ.

1,450

Најчитани вести