Британската премиерка Тереза Меј денеска објави дека на 7 јуни ќе ја напушти функцијата. За оставката ја информирала и британската кралица.

Меј рече дека длабоко жали што не успеала да ја изведе земјата од Европската Унија. Додаде дека таа работа му останува на нејзиниот наследник кој ќе мора да обезбеди консензус во Парламентот.

„Тоа е можно само ако двете страни сакаат компромис“, рече Меј.

Премиерката додаде дека е горда на напредокот што е остварен во последните три години.

извор: Makfax

252

Најчитани вести