Учениците и студентите сместени во домот Томе Стефановски Сениќ, во Скопје, од вчера се оставени без струја. Откриваат дека ноќта ја поминале на свеќи, а се плашат дека така ќе биде и наредните денови бидејќи утре е неработен ден, а потоа следува и викенд.

Директорот на домот, Лулзим Џемаили, за „Фокус“ изјавил дека струјата е исклучена поради долг, истакнувајќи дека се надева оти проблемот наскоро ќе биде надминат.

- Парите што ги добиваме не се доволни за подмирување на сите трошоци. Ние чекаме помош од Министерството за образование и се надевам дека набрзо проблемот ќе биде решен, се вели во изјавата на директорот Џемаили, кој уште појаснува и дека главниот проблем им бил намалениот број на ученици и студенти, кои престојуваат во домот, па средствата кои ги добивале не стигнувале да се покријат сите трошоци.

- Имаме 145 студенти и ученици и за нив добиваме 1,3 милиони денари, со кои се исплаќаат плати, а треба да се покријат и сите останати сметки, што е невозможно, вели директорот и додава дека овој проблем веќе со години го имаат речиси сите студентски и ученички домови и затоа бараат да се изнајде решение преку законска регулатива.

179

Најчитани вести