Во Охрид денес започна отстранувањето на палмите кои пред неколку години беа засадени на различни локации во рамки на акцијата Ден на дрвото. Ваквиот потег доаѓа по објавениот извештај на УНЕСКО во кој беа нотирани проблеми кои се закануваат охридскиот регион да го стават на листа на загрозени подрачја.

“Се работи за неавтохтони видови, кои ќе бидат заменети со соодветни“, информираше градоналникот на Охрид Константин Георгиески на денешната прес-конференција.

Георгиески најави дека во рок од 30 дена општината ќе изготви регистар на нелегални градби, кои од УНЕСКО се нотирани како еден од најголемите проблеми.

„Потребна ни е и законска рамка за мораториум за градба на крајбрежјето. Сѐ уште немаме законска основа за една таква одлука Потребна е и изработка на детални урбанистички планови за старото градски јадро, но тоа не зависи само од Општината“, кажа Георгиески.

1
loading...

Најчитани вести