Израел како овогодинешен евровизиски домаќин успеа на сцената да ја донесе Мадона, која настапи во големото финале. Се шпекулираше долго дали навистина ќе настапи или нема, а на крајот дури имаше и интервју со неа. 

Е токму тоа интервју откри една голема лага. Интервјуто со евровизиските водители делуваше некако вештачко, како со сила, но изгледаше дека е во живо. Но не е така!

Разговорот всушност бил снимен неколку часа порано, односно точно пет часа порано, а натпреварувачите морале да бидат облечени и да изгледаат исто како и финалето да е во тек. Мадона наложила да не се разликува снимката од преносот во живо.

3
loading...

Најчитани вести