Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски јавно се извинува на лицето Игор Јанушев, за изјавата дадена на предизборното соочување на кандидатите за Претседател, одржана на 26.4.2019 година на Македонската Радиотелевизија. 

Се работи за ненамерна непрецизност во изјавата бидејќи не станува збор за обвинение од СЈО за набавка на кинеските автобуси. Јанушев е осомничено лице за злоупотреба на службена положба и овластување како што може да се види во последниот извештај на Специјалното јавно обвинителство кој беше доставен во  март, 2019 година до Собранието на Република Северна Македонија.

1,776

Најчитани вести