ЕБУ излезе со соопштение во кое призна дека по направените стандардни проверки било откриено дека имало грешка при броењето на гласовите на жирито на Белорусија. Со самото тоа има поместувања и во конечните позиции, а оштетена е и нашата земја - Тамара всушност се пласираше на седмото место.

„Поради човечка грешка бил употребен погрешен агрегиран резултат“, стои во објаснувањето од ЕБУ, па по новото пребројување на бодовите, Тамара со вкупно освоени 305 поени го освои седмото, а не осмото место.

Уште подобрата вест е дека според гласовите на жиријата песната „Proud“ е на прво место со освоени 247 поени, а Шведска е втора со 241 поен.

Конечното бодување, по направената корекција, изгледа вака:

Холандија (498 поени)

Италија (472)

Русија (370)

Швајцарија (364)

Шведска (334)

Норвешка (331)

Северна Македонија (305)

Азербејџан (302)

Австралија (284)

Исланд (232)

Република Чешка (157)

Данска (120)

Кипар (109)

Малта (107)

Словенија (105)

Франција (105)

Албанија (90)

Србија (89)

Сан Марино (77)

Естонија (76)

Грција (74)

Шпанија (54)

Израел (35)

Белорусија (31)

Германија (24)

Велика Британија (11)

3,172

Најчитани вести