Белград нема да подига арбитража против Приштина поради зголемување на такси кои се воведени на стока од Србија, одлучено е да се применат контрамерки, објавиле “Вечерни новости“.

Од арбитража се отстапило бидејќи УМНИК кој во име на Косово е потписник на ЦЕФТА договорот, се прогласил за ненадлежен

- Во таква ситуација на Белград му остана само да ја тужи Република Косово, а појавување на Косово како правно лице во меѓународното право и тоа на иницијатива од наша страна, несомнено би можело да се протолкува како признавање на негова “државност“, поради што опцијата арбитража е отфрлена – наведува извор на “Новости“.

Една од контрамерките на Белград спрема Приштина би можеле да бидат запирање на нивните камиони со роба кои одат кон ЕУ. Меѓутоа во тој случај, постои ризик и Србија да се обвини за кршење на Договор за стабилизација приклучување кон ЕУ.

За стратегија против таксите може да стане збор во петок на состанок на претседателот на Србија со претставници од Косово.

4,116

Најчитани вести