Именувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање се смета за силна „шлаканица” од страна на претседателот Стево Пендаровски за ДУИ, објавува весникот Лајм повикувајќи се на партиски извори. Според весникот на албански јазик Муслиу бил споменуван во 2011 година како потенцијален кандидат за директор, кога претседател беше Ѓорге Иванов, но тогаш силно реагирала ДУИ, оценувајќи го како несоодветен кадар. Но, сега Иванов веќе не е претседател и очигледно влијанието на ДУИ во претседателството е многу послабо.

Весникот Лајм објави дека се обиделе да ги контактираат, но од ДУИ засега нема некаква реакција во врска со назначувањето на Мусли како директор на Агенцијата за разузнавање.

Реакцијата на ДУИ од 2011 година против Еролд Муслиу:

Високи извори во ДУИ денес за Алсат-М изјавија дека со сите сили ќе се спротивстават на евентуалната намера на претседателот за на чело на Агенцијата за разузнавање да го постави Еролд Муслиу. Според партијата на Ахмети на оваа позиција треба да биде именувана личност која има кредибилитет а не личности како Еролд Муслиу. Актуелниот директор на Агенцијата за разузнавање има уште две ипол години мандат и нема никаква процедура за негово разрешување и назначување на некое друго лице. Ако евентуално дојде до промена на директорот на Агенцијата, воопшто не може да стане збор за директор на оваа институција да биде Еролд Муслиу. Таму треба да биде назначен некој со кредибилитет а не некој кој учествувал во фалсификување на досиеа или производство на фалсификувани документи

6,941

Најчитани вести