Откако премиерот Заев му прости на Павле Богоевски за признатото кривично дело и практично на обвинителството му испрати порака да не го гиба пратеникот за набавка на психотропни супстанци останува уште една шанса тој да одговара пред законот, пишува Експрес.

Имено со набавката на маслото од канабис Богоевски направил и кривично дело поврзано со неплаќање данок.

Ако маслото од канабис го купува во аптека тој ќе мора да плати најмногу до 19% данок на промет односно плус околу 500 денари на сумата од 2500 денари за која зборува дека ќе ја плати на дилерот на супстанцата.
Вака тој го оштетил државниот буџет за околу 500 денари и тоа за една набавка, ако тоа го прави со години тогаш тој државниот буџет го оштетил за илјадници евра.

Овластени за спречување и санкционирање на овој вид прекршоци се Управата за јавни приходи која ја води Лукаровска и министерството за финансии кое на чело со министерот Тевдовски (двајцата од СДСМ) е oдговорно за почитување на даночните правила, пишува Експрес.

Доколку надлежните институции и раководни лица таму не преземат соодветни мерки против обидите за даночна евазија како што е случајот со Богоевски тогаш самите прават кривично дело и еден ден можат да одговараат.

Лукаровска и Тевдовски добро ги знаат законите и што следува за несанкционирање или помагање при вршење на кривично дело.

1
loading...

Најчитани вести