Љупчо Пренџов од ГРОМ во вечерашната емисија Отворено на Алфа кажа дека на Македонија и се потребни брзи предвремени избори кои што треба да се случат оваа есен. Тој кажа дека причината за тоа е слабата економија, неисполнетите ветувања од оваа власт и катастрофалното владеење.

– Ние мора да престанеме во Македонија да се лажеме дека имаме 650 милиони евра странски инвестиции и дека имаме нови фабрики и дека се вработуваат луѓе во тие фабрики. Реалноста е дека германската економска комора не оценува со 0. Денеска пред три часа советникот кој што канцеларката Меркел го испрати на Зоран Заев констатираше дека во Република Македонија има 3 клучни проблеми тоа е преголемата корупција, непочитување на законите и неплаќањето на даноците.

Пренџов кажа дека за сите овие потфрлувања е одговорна исклучиво извршната власт и дека таа треба да превеземе одговорност. Тој исто така напомена дека здравството е пред колапс и земјоделието е руинирано додека платите реално платите и пензиите не се покачуваат.

1
loading...

Најчитани вести