На грчкиот остров Самос, група локални нуркачи кои формираа аматерски клуб за да уживаат во истражување на водите на Егејот, сега спасуваат мигранти во опасност од давење, пренесува „Еуроњуз“.

Кога се приближува брод со имигранти, работените на пристаништето ги известуваат нуркачите, кои досега спровеле околу 180 операции за пребарување и спасување на мигранти – понекогаш и за време на невреме.

„Ние се наоѓаме на источната страна на островот … каде што обично пристигнуваат бегалците кои доаѓаат од турскиот брег“, објасни Никос Цумакис, член на нуркачкиот клуб „Самос“.

И покрај тоа што се неплатени доброволци, нуркачите стојат на располагање 24 часа на ден и веќе имаат спасено 1.800 луѓе и пронајдено 49 тела.

„Кога одиме да им помогнеме на бегалците и да ги пронајдеме мртвите деца, во нивните очи ги гледаме душите и очите на нашите деца“, рече нуркачот Стелиос Хациандреу, кој има три ќерки.

„Многу е тешко, но … ќе продолжиме“.

извор: Makfax

2
loading...

Најчитани вести