Американката Лори Лајтфут вчера даде свечена заклетва за градоначалник на Чикаго. Лори стана првата жена Афроамериканка и геј личност која е избрана за градоначалник на третиот најголем град во САД.

„Со години зборуваат дека Чикаго не е подготвен за реформи. Ќе бидеме подготвени, затоа што реформите се тука“, изјави Лајтфут откако положи заклетва за стапување на должноста, пренесува „Глас на Америка“.

Лајтфут објасни дека ниту едно официјално лице не би требало да профитира од својата функција, како и дека ќе ги направи потребните реформи во полицијата. Педесет и шестгодишната демократка е поранешна американска сојузна обвинителка.

извор: Makfax

107

Најчитани вести