Претседателот Стево Пендаровски го назначи Ерол Муслиу за нов директор на Агенција за разузнавање, информираат од кабинетот на шефот на државата.

Муслиу порано работел во Управата за безбедност и контраразузнавање, а во последниве години во Агенцијата за разузнавање.

Претседателот Пендаровски во наредните денови ќе назначи и свои членови во националниот Совет за безбедност.

Советот за безбедност го сочинуваат претседателот на државата, претседателот на Собранието, премиерот, министрите кои раководат со органите на државната управа од областа на безбедноста, одбраната и надворешните работи, како и тројца членови назначени од шефот на државата.

извор: Makfax

6
loading...

Најчитани вести