Светската премиера на новиот филм на Квентин Тарантино, „Било еднаш во Холивуд“, се одржа вчера на филмскиот фестивал во Кан, а публиката беше толку возбудени што го наградија со 6-минутни овации.

Леонардо ди Каприо, Бред Пит и Маргот Роби, ѕвездите на деветтиот филм на Тарантино, му се приклучија на режисерот на црвениот тепих пред филмот да добие громогласен аплауз – кој траеше шест минути, пишува „Дедлајн“.

Приказната за златната доба на Холивуд низ призмата на двајца актери пријатели (Ди Каприо и Пит), во време кога светот беше шокиран од веста за убиството на актерката Шерон Тејт (Роби) од Чарлс Менсон, освои голем број пофалби.

Филмот во кој се појавуваат и Ал Пачино, Дакота Фенинг, Лина Дунам и други ѕвезди, некои критичари го нарекоа најдобар филм на Тарантино уште од „Евтини приказни” (1994).

Паралелно со премиерата на филмот на фестивалот, „Сони“ го објави целосниот трејлер на Јутјуб.

Во филмот постхумно ќе се појави и  Лук Пери, кој почина на 4 март.

извор: Makfax

1
loading...

Најчитани вести