Земјотрес со јачина од 3,4 степени го погоди северниот холандски регион Гронинген, дом на една од најголемите европски области богати со природен гас, во средата изутрина, објави холандскиот метеоролошки институт.

Децениите екстракција на гас во Гронинген доведуваат до десетици помали потреси секоја година, оштетувајќи илјадници домови и предизвикувајќи незадоволство меѓу локалните жители, што ги поттикна властите да наметнат ограничувања на активностите.

Земјотресот во средата е меѓу најсилните што некогаш го погодиле регионот, но засега нема пријавени жртви или штета.

По сличен силен земјотрес во јануари 2018 година, холандската влада вети дека до 2030 година целосно ќе го прекине производството и дека во наредните години ќе го намали што повеќе за што пократко време.

Екстракцијата на гас во областа треба да се намали на 19,4 милијарди кубни метри до октомври 2019 година, што е драстично помалку од максимумот од 54 милијарди кубни метри во 2013 година.

извор: Makfax

80

Најчитани вести