Секретарот на општина Кисела Вода, Александар Алексовски денеска подели 76 ваучери во висина од 6.000 денари за новороденчиња, од кои 32 за женски и 44 за машки деца, информираат од Општината. Оттаму велат и дека Општината ваучерите ги доделува со цел да им излезе во пресрет за првичните потреби на семејствата кои имаат принова и се со адреса на живеење на нејзина територија.

За добивање на ваучер, семејствата од Кисела Вода потребно е да поднесат барање и со него да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена од моментот на раѓање на детето, се наведува во соопштението од Општината

66

Најчитани вести