Австрискиот канцелар Себастијан Курц се прости денес од трикратниот шампион во Формула 1, Ники Лауда, поставувајќи ја на „Твитер“ својата фотографија со Лауда.

Под фотографијата, Курц напиша дека Австрија загуби една од своите најистакнати личности.

„Тркачката патека е неговата куќа, а авијацијата неговата љубов. И како никој друг, неколку пати се бореше за својот живот. Тој е пример за храброст, дисциплина и чесност “, напиша австрискиот канцелар.

Лауда ги освои титулите во 1975, 1977 и 1984 година и возеше на 171 трки за Марч, БРМ, Ферари, Брабам и Мекларен.

Лауда почина вчера на возраст од 70 години.

Пред неколку месеци му беше извршена трансплантација на белите дробови, а од јануари беше во болница поради пневмонија.

извор: Makfax

142

Најчитани вести