Целата процедура за покренување на дисциплинска постапка за државниот советник Цветaн Трипуновски е водена транспарентно, согласно законските прописи. Апсурдно е тврдењето на Трипуновски дека се работи за политичка хајка. Решението за престанок на работниот однос не е поврзано со неговата партиската определба, туку со прекршување на законските одредби, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Имено, од страна на Државниот секретар на МЗШВ донесен е Предлог за покренување на дисциплинска постапка и формирана е Комисија за водење на дисциплинска постапка, а на самата седница на Комисијата присуствуваше и државниот советник Трипуновски заедно со адвокат. Комисијата утврди дека државниот советник Цветан Трипуновски е одговорен за сторен дисциплински престап по член 73 став 1 точка 22 од Законот за административни службеници, кој што предвидува однесување спротивно на одредбите на Кодексот на административни службеници“, велат од Министерството.

Од таму велат дека државниот советник Цветан Трипуновски со своето однесување на работната позиција го прекршил Кодексот за административни службеници и на одржаните прес конференции пренесувал информации и податоци кои произлегуваат од делокругот на работата на МЗШВ и тоа во форма шпекулации, инсинуации и измислици во политички контекст.

„Изнесените податоци и информации имаат негативно влијание врз широката општествена јавност, целните ресорни групи, домашни и странски институции. Со неговото неодговорно и штетно постапување Трипуновски директно ја нарушува довербата на граѓаните во институциите и во системот. На одлуката за престанок на работниот однос Трипуновски го искористи законското право за жалба до Комисијата за жалби. По одбивањео на жалбата, Трипуновски уредно ја прими одлуката на 20.05.2019 година и истиот согласно законските прописи е одјавен од Агенцијата за вработување“, велат од МЗШВ.

Претходно Трипуновски рече дека против него се води политичка хајка и дека тој добил отказ затоа што е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и дека неговите ставови биле спротиставени со оние на власта.

извор: Makfax

3
loading...

Најчитани вести