Мајката на убиената Ѕвездана, Марјана Костиќ Влајиќ, истакнала дека нејзината ќерка преживувала тешки моменти во бракот, особено откако таа му соопштила на Слободан дека сака развод

Ѕвездана Бенкун почина откако крвнички ја претепа нејзиниот сопруг Слободан Милјуш, со кој живеела во Лас Вегас. Тој се бејзбол палка ја удрил неколку пати во главата, а се претпоставува дека причината за тоа е што после 13 години брак таа му побарала развод.

Мајката на Ѕвездана преку Фејсбук се опрости од нејзината ќерка, за потоа да открие детали од заедничкиот живот на Слободан и нејзината ќерка. Ѕвездана вели таа, работеше две работи за да ги прехрани своите две деца, а тој беше возач на камион и патуваше често.

-Живеевме во Босна, па се преселивме во Америка. Таму живеевме 18 години. Тие двајца се земаа и живееа заедно. Тој е од Лика, Кеајшник. Многу работи правеше во Америка, се ку*ваше, мојата ќерка сама ги одгледа децата. Таа сакаше да се разведат, но тогаш тој стана уште полош, не можеше да прифати дека ќе го остави.

Кога дошла од работа, ја земал бејзбол палката и и ја скрршил главата, раскажала несреќната мајка.

-Никогаш нема да те преболам затоа што си ангелот кој ме држеше на земјата. Без тебе неможам да живеам ниту јас, ти ми беше воздухот кој го дишам. Мама набрзо ќе ти дојде затоа што без тебе неможам да дишам. Не вреди животот без тебе, напишала претходно Марјана, откако дознала дека нејзината ќерка ѕверски е убиена.

15
loading...

Најчитани вести