Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март годинава во земјава изнесувала 24.590 денари и е за 3,8 отсто повискока од март лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување, посочуваат од ДЗС, се должи, пред сѐ, на порастот на нето-платите во секторите: дејности на здравствена и социјална заштита (11.4 %), земјоделство, шумарство и рибарство (8.2 %) и транспорт и складирање (7.8 %).

Зголемување на нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (9.5 %), информации и комуникации (8.5 %) и рударство и вадење на камен (6.0 %).

Според податоците на ДЗС, пак, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2019 година изнесувала 36.476 денари.

2
loading...

Најчитани вести