Падот на Штрахе е добар знак за Западен Балкан бидејќи оваа политичка сила не работеше во интерес на проширувањето на ЕУ, вели Флоријан Бибер, експерт за Балканот на Универзитетот во Грац.

Бибер за РС кажа дека оставката на австрискиот вицеканцелар и лидер на десничарската Партија на слободата Хајнц Кристијан Штрахе, односно крахот на неговата политичка кариера, ги остава неговите политички пријатели и сојузници во регионот на Западен Балкан без алтернативи меѓу европските популистите и крајните десничари.

Меѓутоа, владината криза во Австрија е, всушност, вели Бибер, „прилично добар знак” за Балканот.

„Тоа е, можеби, охрабрувачки за регионот, бидејќи и ако дале некои просрпски изјави, тие не сакаат проширување и тоа се само флоскули, бидејќи тие немаат длабока верба во идејата за проширување, европската интеграција и реформа. Во таа смисла тоа е добра вест за Балканот “, рече Бибер.

извор: Makfax

10
loading...

Најчитани вести