По одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ј стави компанијата Хуавеј на ,,црна листа” за тргување со американските компании, американското Министерство за трговија на САД донесе нова одлука и му даде на Хуавеј привремена дозвола за да ги задржи нивните производи.

Привремената лиценца на Хуавеј истекува на 19. август и ќе и овозможи на компанијата да работи со американските корпорации, со цел да обезбеди поддршка за тековните корисници.
Хуавеј ќе може да ја продолжи соработката со Гугл, Интел, Квалком и други компании за да им понуди софтверски надградби дизајнирани за постоечкиот хардвер.

Дозволата која важи 90 дена е добра вест и за некои од помалите регионални мрежи кои се потпираат на инфраструктурата на Хуавеј. Двата региона во САД кои веќе ги почувствуваа ефектите од забраната се руралните делови на Вајоминг и Орегон.

Треба да се напомене дека привремената лиценца не значи дека се е во ред помеѓу Хуавеј и американската влада, туку таа само привремено ќе и овозможи на кинеската компанија да ги одржува уредите што веќе ги имаат на пазарот.

Ова значи дека Хуавеј може да понуди безбедносни ажурирања за нивните електронски уреди, но нема да биде во можност да им понуди нов хардвер кој се потпира на технологијата која ја продаваат или е лиценцирана од компании од САД, а тоа го вклучува и Андроидот.

Ако односот помеѓу Хуавеј и САД не се промени, ограничувањата ќе бидат повторно применети со полн ефект.Компанијата може да ги искористи овие три месеци за да го комплетира развојот на својот оперативен систем и да понуди нова заштита за тековните уреди.

извор: Makfax

68

Најчитани вести