Србија ќе ги зголеми своите резерви на злато од постојните 20 тони на 30 тони до крајот на 2019 година, а потоа, во следната година и половина, до дури 50 тони, објави весникот „Вечерње новости“.

Весникот нагласува дека таа динамика практично е утврдена по вчерашната средба во Белград на српскиот претседател Александар Вучиќ со делегацијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Според „Новости”, претседателот Вучиќ ја започнал темата за купување благородни метали за време на разговорот, а соговорниците од ММФ му рекле дека немаат ништо против тоа, ако се вклопуваат во стратегијата за зголемување на девизните резерви.

Веднаш по средбата, повикувајќи се на неименувани извори, весникот објави дека претседателот Вучиќ ги поканил гувернерот на Народната банка на Србија, Јоргованка Табаковиќ и министерот за финансии, Синиша Мали и „им даде задача: купувајте злато, Србија мора да биде безбедна”. 

736

Најчитани вести