Кралицата на поп-музиката, Мадона, настапи на Евровизија како специјален гостин, а по нејзиниот настап следеа лавина коментари по Твитер и социјалните мрежи дека лошо отпеала, а заработила вртоглава сума пари.

По тој повод, пејачката за прв пат се голаси на социјалните мрежи. Објави фотографија од настапот и напиша: „Мадам Икс не слуша зло”.

Инаку, настапот на Мадона чинел 1.3 милиони долари. Taa ги изведе класикот „Како молитва“, во чест на 30-годишнината од излегувањето на истоимениот албум и новиот сингл „Иднина“ со американскиот рапер Кваво, во придружба на 35-член хор.

На Евровизија нашата Тамара иако водеше со гласовите од жирито, заедно со гласовите од публиката заврши 8-ма.

1,686

Најчитани вести